Колоритно кафуле во Токио ќе ве одведе во друг свет. Инспирирано од слатките и од новите јапонски трендови, „Kawaii Monster Cafè“ секојдневно ги мами љубителите на невообичаеното и ексцентричното.
Лустери во форма на бебешки шишиња, колоритни и фотогенични јадења, „Kawaii Monster“ девојки, каучи во форма на торти, огромни печурки – кафулето нема како, а да не ви ја разбуди желбата да каснете нешто слатко.
Креативниот ентериер на објектот, кој е сместен во модерната област на Токио, Харајуку, е дело на јапонскиот артист Себастијан Масуда. „Kawaii Monster Cafè“ започна со работа на почетокот од месецов.