Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Кампања ги потсетува доилките и трудниците на важноста на здравата исхрана

ФОТО: Кампања ги потсетува доилките и трудниците на важноста на здравата исхрана

Нова впечатлива кампања ја подигнува свеста кај жените за важноста на здравата исхрана за време на бременоста и доењето.

На фотографиите, создадени за Бразилската педијатриска асоцијација, се прикажани бебиња кои цицаат од градите на своите мајки. На градите на трите мајки е нацртан по еден нездрав производ – чизбургер, крофна и газиран сок – а бебињата се фотографирани така што наликува како да консумираат од нив.

„Вашето бебе е она што вие го јадете“ – е пораката на кампањата, која укажува на тоа дека бебето додека е во стомакот и додека цица јаде она што јаде неговата мајка. Во продолжение пишува: „Вашите навики во првите илјада дена од забременувањето можат да го заштитат вашето дете од развој на сериозни болести“.

Кампања за здрава исхрана Кампања за здрава исхрана Кампања за здрава исхрана

Фотографиите се создадени од бразилската агенција „Paim“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11489 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.