Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Жената која на 65 години роди четворка гордо ги покажа бебињата, има 13 други деца

ФОТО: Жената која на 65 години роди четворка гордо ги покажа бебињата, има 13 други деца

Анегрет Рауник е најстарата родилка на четворка. 65-годишната баба од Берлин, која во мај донесе на свет три момчиња и едно девојче, наскоро ќе ја напушти болницата.

Веста за нејзината бременост ја шокира Германија, а по породувањето докторите се плашеа дека малите бебиња нема да преживеат. Сепак, сите бебиња се изборија за живот, а гордата мајка му ги покажа на светот.

Анегрет Рауник Анегрет Рауник

Анегрет, која има уште 13 други деца со пет различни татковци, наиде на многу критики поради упорноста да го проширува своето семејство и покрај тоа што е во седмата деценија во животот. Откако докторите во Германија го одбија нејзиното барање за вештачко оплодување, таа им плати на доктори во украинска клиника за ин-витро постапка со оплодени јајце-клетки од анонимен донор.

Анегрет Рауник Анегрет Рауник

Пензионираната учителка сега е мајка на 17 деца и баба на 7 внучиња. Нејзиното најстаро дете има 44 години. „Секој треба да живее како што сака... Ова не е егоизам, не е себичност. Сакам деца – ме одржуваат млада... Моето искуство со мажите беше такво што не го најдов вистинскиот“ – изјавила Анегрет.

Анегрет во 2005 година со своите децаАнегрет во 2005 година со своите деца и внуци

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.