Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Дедо Мраз легна на подот за да си поигра со аутистично дете

ФОТО: Дедо Мраз легна на подот за да си поигра со аутистично дете

Традицијата која вклучува празнична фотографија на малите дечиња со Дедо Мраз, може да биде измачувачка за најмладите со било какви нарушувања. Добродушен Дедо Мраз се повлече од својата удобна фотелја во трговски центар и легна на подот за да си поигра со аутистично дете и да му покаже дека тоа може да биде забавно искуство.

Дедо Мраз и Брајден

Кога срамежливиот Брајден Дили започнал бавно да се приближува кон местото каде седел Дедо Мраз, тој не чекал момчето да отиде и да му седне во скутот, туку веднаш се спуштил на подот и започнал да го забавува малото детенце со новогодишните играчки. „Тој се спушти на својот стомак и почна да си игра со него. Тие не ни зборуваа меѓусебно, навистина, тие се поврзаа и играа. Брајден започна навистина да се возбудува и гледаше во него и се смееше“ – рекла Ерин, мајката на Брајден.

Дедо Мраз и Брајден Дедо Мраз и Брајден

Шестгодишното момче се запозна со Дедо Мраз преку програма која им овозможува на децата со аутизам да се сликаат со него откако ќе се стиши вревата во трговските центри, кога продавниците ќе затворат. „Знаеме дека за некои деца со аутизам, помислата за одење во трговски центар и во средина на која не се навикнати, има многу сензорни предизвици“ – рекла Лиза Горинг, објаснувајќи зошто ја започнале оваа програма. Горинг е една од заслужните лица за ваквите средби кои радуваат стотици аутистични деца и дечиња со посебни потреби.

Дедо Мраз и Брајден Дедо Мраз и Брајден

Ерин изјавила дека ова е првата слика од Брајден со Дедо Мраз. На малото момче му бил дијагностициран аутизам пред да наполни три години. „Мислев дека никогаш нема да ги направиме овие фотографии од него, бидејќи тој не може да се справи со бучавата и притисокот. Тој се вознемирува кога ќе му речеш да се насмее, тоа е премногу за него“ – рекла Ерин за People.

Дедо Мраз и Брајден Дедо Мраз и Брајден

На крајот радосното момче не сакало да си замине и сакало неговата дружба со Дедо Мраз да потрае. Ерин изјавила и дека ова било навистина специјален подарок од Дедо Мраз за целата нивна фамилија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.