Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Девојче со Даунов синдром топи срца и руши бариери

ФОТО: Девојче со Даунов синдром топи срца и руши бариери

Доволна е само една фотографија за да се заљубите во Кора Слокам. Четиригодишното девојче родено со Даунов синдром со модна кампања растопува срца и го менува лицето на убавината.

Брендот „Livie & Luca“ со огромно задоволство ја ангажирал малата Кора за кампањата „#ImGoingBackToSchoolToo“.

Кора Слокам

„За време на фотосесијата, можеше да се види дека Кора е родена да сјае пред камера... Нејзината заразна радост ја исполни просторијата. Имаме можност да го промениме начинот на којшто медиумите ја претставуваат убавината и се надеваме дека децата како Кора ќе се чувствуваат видени и ќе знаат дека нивните способности се безгранични“ – изјавила претставничка на компанијата.

Кора Слокам Кора Слокам

„Livie & Luca“ соработува со организацијата „Changing the Face of Beauty“, која ги охрабрува компаниите да ангажираат лица со посебни потреби. Кампањата со Кора стана вистински хит, па многу компании одлучија да го следат тој пример.

Пред извесно време тинејџерката Медлин Стјуарт, која исто така има Даунов синдром, успешно зачекори во модниот свет. Наскоро таа и ќе дефилира на Њујоршката недела на модата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.