Голем дел од сцените од една од најпопуларните серии во светот „Game of Thrones“ се снимани на разни локации од Хрватска. Брачен пар отпатува во оваа балканска земја за да пронајде каде се снимани возбудливите сцени.
„Некои места беа навистина лесни за наоѓање – Дубровник, на пример, е еден огромен филмски сет. Но, другите места, како улиците во Сплит, ги пронајдовме по дооолго барање или случајно налетавме на нив“ – пишува Аста на BoredPanda каде ги сподели фотографиите од нивната авантура.
Возбудливото патување на парот резултира со прекрасен фото-албум кој секој обожавател на актуелната серија би посакал да го направи.