Клаудин и Хонза Лафонд се јога инструктори кои обожаваат да патуваат низ светот и да ја покажуваат својата флексибилност и страста кон јогата.
Брачниот пар, кој живее во Сиднеј, на секоја своја авантура се фотографира, изведувајќи јога пози пред светски познати знаменитости, а фотографиите ги споделува на својот профил на Instagram.
Овие јога обожаватели досега имаат повеќе од 250.000 следбеници на Instagram.



„Предизвикот, кој го нудат превртувањата и балансирањето на рацете, гради доверба и сила, но најмногу од сè, го возбудува детето кое секогаш е присутно во секој од нас“ – пишува Хонза на нивниот сајт YogaBeyond.















