Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 80-годишен старец направил воз за да ги шета спасените улични кучиња

ФОТО: 80-годишен старец направил воз за да ги шета спасените улични кучиња

Старец со сопствени раце направил воз за животни за да може во него да ги вози кучињата кои ги спасува. Двапати неделно, 80-годишниот маж ги води своите миленици на прошетка.

Јуџин Бостик

Јуџин Бостик живее во слепа уличка во Тексас, каде со брат му имаат штала за коњи. На нивниот имот одвреме-навреме се појавувале кучиња кои луѓето ги напуштале и ги оставале да гладуваат. „Започнавме да ги храниме, да ги пуштаме внатре и ги однесовме на ветеринар за да ги кастрираме. Создадовме место каде што ќе можат да живеат“ – рекол Бостик за The Dodo.

Иако кучињата имале огромен простор за да трчаат на имотот на двајцата браќа, Јуџин сакал да може да ги води со себе на прошетки за да ги направи уште посреќни. „Започнав со мојот трактор, ќе ставев 4-5 кучиња во него и ќе ги одведев на прошетка. Одеднаш кај нас пристигнаа уште кучиња па си реков: Ох, овде нема доволно место – тогаш се сетив на тоа“ – објаснил тој.

Јуџин Бостик Јуџин Бостик

Бостик двапати во неделата ги носи своите животни на прошетки низ градот или во блиската шума, давајќи им љубов и среќа каква што никогаш претходно немале. „Само што ќе чујат дека го прикачувам возот за тракторот, веднаш се возбудуваат. Со трчање доаѓаат и сами влегуваат во него, подготвени за да тргнат“ – додал Јуџин.

Иако има 80 години, тој не планира да престане со својата хумана дејност. „Ќе го правам ова сè додека можам. Кучињата си поминуваат одлично. Едноставно, тие уживаат во тоа“ – рекол тој.

Јуџин Бостик Јуџин Бостик

Старецот со секоја прошетка привлекува огромно внимание кај сограѓаните. Откако некои од нив објавија фотографии од добриот старец на социјалните мрежи, името на Јуџин се прочу низ светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.