Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 44-годишна мајка на две деца која изгледа како да има 20 години е интернет сензација

ФОТО: 44-годишна мајка на две деца која изгледа како да има 20 години е интернет сензација

Можеби нема да ви се верува, но оваа младолика жена е на половина од петтата деценија од својот живот. 44-годишната фитнес фанатичка е мајка на две деца, 13-годишен син и 9-годишна ќерка.

Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен

Фотографиите на Џанг Тингсјуен деновиве го обиколија светот, привлекувајќи море од комплименти за нејзиниот изглед. Слободно може да се каже дека младоликата Тајванка има кожа и тело на кои секој би позавидел.

Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен

Џанг е родена во 1971 година, а во својата татковина го добила прекарот „Gym Queen“ или „Фитнес кралица“ откако пред неколку години стекнала популарност со фотографии од своите тренинзи. Таа инстантно привлекла обожаватели со младешкиот изглед и тонираното тело, што ја поттикнало да започне да снима видеа со свои вежби и да ја напише книгата „Ослабете за шест минути“.

Инспиративната мајка тврди дека намалила 22 килограми од својата тежина преку аеробик вежби кои сама ги создала, а кои можат да се практикуваат каде било. Тренинзите траат околу 6 минути. „Вежбањето не треба да биде ограничено со време и локација. Штом ќе помислите на него, веднаш можете да започнете да правите вежби за растегнување за да го одржите своето тело во фит форма“ – вели таа.

Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен

Видео

Тингсјуен им советува на оние кои сакаат да ослабат никогаш да не гладуваат, туку редовно да вежбаат. „Мојот главен фокус е редовно да вежбам, како и да го избегнувам консумирањето на храна која содржи премногу шеќер. Никогаш не гладувајте доколку сакате да изгубите килограми. Сè додека редовно вежбате, со сигурност ќе слабеете“ – советува таа.

Џанг ги обиколи и кинеските медиуми пред две години, откако на блог биле објавени фотографии од неа и нејзиниот син.

Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен Џанг Тингсјуен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.