Почетна » Новости » Занимливости » Фит мајка на четири мали деца вежба заедно со нив додека ги извршува секојдневните обврски

Фит мајка на четири мали деца вежба заедно со нив додека ги извршува секојдневните обврски

Мајка која вежба додека ги забавува децата покажува дека секогаш може да се најде простор и време за физичка активност.

Џенифер Гелман била многу активна пред да стане мајка, но откако го родила првото дете, ѝ било тешко да издвои време за себе. „Поради мојата голема страст кон фитнесот мислев дека нема да ми е проблем да најдам време за вежбање, но набрзо сфатив колку е тешко тоа, заради постојаните обврски и ниското ниво на енергија како последица на краткото спиење. Сепак, бев решена да пронајдам начин“ – рекла Џенифер.

Џенифер Гелман Џенифер Гелман Џенифер Гелман
Џенифер Гелман Џенифер Гелман

40-годишната Американка, која во моментов живее во Азербејџан, развила програма која ја нарекува „BWMC“ или „Baby, Where is My Coffee“, а која го комбинира мајчинството, воспитувањето на децата и фитнесот. Џенифер вели дека сега има многу повеќе енергија од порано, но дека најголемата придобивка е поврзана со нејзините 4 деца, кои се на возраст од 8, 6, 4 и 2 години.

„Најдоброто нешто кај овој тип фитнес е ефектот врз моите деца. Забележав дека откако започнав да ги вклучувам синовите во моите тренинзи, тие започнаа да додаваат свои вежби кои сакаат да ги правиме во текот на денот. Со текот на времето, тоа стана култура во нашиот дом“ – вели Гелман.

Џенифер ГелманЏенифер во четвртата бременост и сега

Советот на активната мајка до сите родители е да пронајдат рутина која ќе му одговара на целото семејство и да започнат со мали чекори. „Започнете со вежби од неколку минути и целете кон подолги тренинзи. Вежбите треба да бидат лесни за исполнување и креативни. Користете ги нештата кои ги имате дома, независно дали тоа се подвижна играчка, ранци или топки. Комбинирајте ги вежбите со домашните обврски како чистење или перење. Правењето нешто само неколку минути е подобро од тоа да не правите ништо“ – советува таа.

Џенифер Гелман Џенифер Гелман Џенифер Гелман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9468 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.