Почетна » Новости » Занимливости » Фит мајка која кревала тегови и во бременоста ги покажа стомачните мускули 10 недели по породувањето

Фит мајка која кревала тегови и во бременоста ги покажа стомачните мускули 10 недели по породувањето

Ингер Хаутон е нова мајка, блогерка и Instagram ѕвезда која ја следат десетици илјади лица од целиот свет.

31-годишната Швеѓанка, која вежбала во текот на цела бременост, ги покажа своите стомачни мускули 10 недели по породувањето и доби многу комплименти. За разлика отсега, Хаутон редовно била мета на критики во текот на бременоста затоа што вежбала, а нејзините тренинзи биле нарекувани „глупави“, „опасни“ и „непотребни“.

Ингер ХаутонИнгер Хаутон 10 недели по породувањето Ингер ХаутонИнгер Хаутон 20 дена по породувањето Ингер Хаутон Ингер Хаутон

Ингер живее во Дубаи, а нејзиниот сопруг е косопственик на фитнес центар, па таа отсекогаш била физички активна. Ниту бременоста не ја спречила енергичната фитнес фанатичка редовно да ја посетува фитнес салата и да вежба сè до породувањето.

„Останав активна во текот на цела бременост. Се разбира, не тренирав толку често и толку интензивно како претходно, но ќе полудев ако не правев ништо цели 9 месеци. За среќа, имав добра бременост, без некои поголеми проблеми, па не чувствував тешкотија да бидам активна“ – рекла таа.

Ингер ХаутонИнгер Хаутон 10 дена по породувањето Ингер ХаутонИнгер Хаутон 4 дена по породувањето Ингер ХаутонИнгер Хаутон во 40. недела од бременоста Ингер ХаутонИнгер Хаутон пред да забремени и во последните недели од бременоста Ингер ХаутонИнгер Хаутон пред да забремени

„Бев фокусирана на тоа да го одржам моето фитнес ниво колку што е можно повеќе. Бев подготвена за зголемување на тежината, што е важен дел од повеќето бремености, но сакав да ја одржам мојата мускулна маса колку што е можно повеќе. Сакав да бидам силна за полесно да се справам со промените кои бременоста ги предизвика на моето тело и за да се подготвам за раѓање“ – додала Ингер, која во 39 недела од бременоста објави видеа во кои крева тегови и ги остави фановите со подотворена уста.

A video posted by @ingerindubai on

A video posted by @ingerindubai on

A video posted by @ingerindubai on

Многумина побрзаа да ја критикуваат Ингер затоа што вежба и ѝ велеле дека не била добар пример за бремените жени, на што таа им возврати со текст во описот на едно од своите видеа:

Дали им го препорачувам ова на сите трудници? Се разбира дека не! Дали е добро за мене? Да.

Добивам многу прашања дали моите тренинзи се безбедни за мене и за бебето и сум критикувана дека она што го правам е опасно, глупаво и непотребно. Ако тренирањето во текот на бременоста ме научи на нешто, тоа е да го слушам моето тело. Тоа ми кажува што е добро, а што не подобро од кој било доктор, тренер или „хејтер“ на социјалните мрежи.

Исто така ми кажуваат дека не сум доволно добар пример за бремените жени, бидејќи сум тренирала премногу интензивно. Жените можеле да се повредат себеси или бебињата доколку го копирале она што го правам.

Иако никогаш не сум имала цел да бидам најдобриот пример, мислам дека моето вежбање може да ги инспирира жените да останат активни во текот на бременоста. Ако сте навикнати на тренинзи за посилно тело пред бременоста, нема ништо лошо во тоа да продолжите со нив сè додека чувствувате дека тие се безбедни.

Искрено верувам и се надевам дека жените кои ги следат моите вежби го познаваат доволно добро своето тело за да ги прилагодат на себе, а не слепо да го копираат она што го правам. Како што треба да биде со сè на социјалните мрежи, независно дали сте бремена или не.

Ингер ХаутонБременоста на Ингер Хаутон

Ингер ја роди својата ќеркичка Каја на 3 декември и веднаш на намали својата тежина за 11 кг. „Кога се породив, изгубив 11 килограми за 11 дена и дури беше побрзо одошто сакав. Исто така, изгубив многу мускулна маса и не можев да си го препознам телото. Тоа беше чудно искуство“ – признала таа.

Ингер сега редовно ја посетува фитнес салата, а понекогаш нејзина придружба е малата Каја. „Во моментите кога немам време за во фитнес сала, ја ставам ќерка ми во количката и излегувам да пешачам“ – додава Ингер.

A video posted by @ingerindubai on

A video posted by @ingerindubai on

Ингер Хаутон Ингер Хаутон Ингер Хаутон Ингер Хаутон Ингер Хаутон Ингер Хаутон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.