Почетна » Новости » Занимливости » Фасцинантно: Поштар собирал камења 33 години за да ја изгради палатата од соништата

Фасцинантно: Поштар собирал камења 33 години за да ја изгради палатата од соништата

Постојат личности кои не се плашат да ги следат своите амбициозни соништа, притоа оставајќи видлив отпечаток во историјата. Фердинанд Шевал е една од тие личности.

На Шевал му биле потребни 33 години за да изгради една од најневеројатните аматерски палати, со помош на камчиња кои ги собирал по патот кој секојдневно го поминувал, работејќи како поштар во местото Отрив во Источна Франција. Изградбата на палатата „Le Palais idéal“, која денес претставува туристичка атракција во Франција, започнала во 1879 година, а била завршена во 1912 година.

Le Palais idéal

Еден ден додека разнесувал писма, Фердинанд се сопнал од камен, кој кај него разбудил далечен спомен за прекрасен сон. Тој сон подоцна станал причина за создавањето на една од највпечатливите градби од рацете на само еден човек.

Le Palais idéal

Сеќавајќи се на таа ситуација, Шевал во својот дневник напишал: „Пешачев многу брзо кога ногата ми се зафати и се истркалав неколку метри. Сакав да ја дознам причината за паѓањето. Во еден мој сон, јас изградив палата, замок или пештери, не можам добро да се изразам... Никому не кажав за тоа од страв дека ќе бидам исмејуван, а и јас сметав дека е смешно. Петнаесет години подоцна, кога речиси го заборавив тој сон и воопшто не мислев на него, мојата нога ме потсети. Се сопнав од камен со толку чудна форма што го ставив во својот џеб за да му се восхитувам во слободното време. Следниот ден се вратив на истото место. Пронајдов повеќе камења, кои беа уште поубави. Ги собрав на едно место и ме обзеде восхит. Тоа се песочници оформени од водата, а стврднати од моќта на времето.“.

Le Palais idéal Le Palais idéal

Потребни биле 20 години за упорниот поштар да ги изгради само надворешните ѕидови, а 33 години за да ја финишира градбата. Фердинанд работел деноноќно за да го оствари својот сон, а неговата палата е доказ дека упорноста секогаш дава резултати.

Le Palais idéal Le Palais idéal Le Palais idéal Le Palais idéal

Палатата, која е микс од различни стилови инспирирани од христијанството и хиндуизмот, подоцна го привлекла вниманието на многу познати личности како Пикасо и Макс Ернст. И ден-денес „Le Palais idéal“ е локација на која често се одржуваат концерти и изложби.

Le Palais idéal Le Palais idéal

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.