Аматери и професионални фотографи секоја година учествуваат во натпреварот на National Geographic. Илјадници ентузијасти за фотографирање од целиот свет и годинава ги испратија своите највпечатливи фотографии.
Фотографиите се објавени во категориите – луѓе, места и природа, а за секоја категорија ќе биде издвоен по еден победник. Среќните избраници ќе бидат објавени во декември.
„National Geographic ги користи фотографиите за да ги инспирира, просветли и подучи нашите читатели за нашиот свет и пошироко. Со нетрпение очекуваме да видиме фотографии кои се страсни, вешти, изненадувачки и убави“ – изјавила Сара Лин, директор за фотографија на списанието.
Погледнете дел од фасцинантните фотографии во кои се уловени неповторливи моменти и импресивни места кои се наоѓаат на планетата Земја.