Почетна » Новости » Занимливости » Урсула фон дер Лајен – првата жена претседател на Европската комисија е амбициозна дама и мајка на СЕДУМ деца

Урсула фон дер Лајен – првата жена претседател на Европската комисија е амбициозна дама и мајка на СЕДУМ деца

Вчера, Европскиот Парламент ја избра Урсула фон дер Лајен за наследник на Жан-Клод Јункер и стана првата жена која некогаш била на позицијата Претседател на Европската комисија.

Урсула е дама со стил, амбициозна и лојална, мајка на седум деца, поборник за родова еднаквост, која течно зборува три европски јазици – француски, германски и англиски.

Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен

Таа е родена на 8 октомври 1958 во Брисел, но на 13-годишна возраст со семејството се сели во Германија, каде нејзиниот татко застанува на позицијата премиер на Долна Саксонија.

Поради безбедносни причини, Урсула ги поминува студентските денови во Лондон под лажното име Роуз Ледсон. Иако во британската метропола студира економија, по нејзиното враќање во Германија, дипломира медицина, а потоа специјализира гинекологија.

Како мајка на седум деца, голем дел од 90-тите години ги посветува на семејниот живот како домаќинка, а четири години живее и во Калифорнија, каде нејзиниот сопруг работи во Станфордскиот универзитет.

Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен

Урсула е дел од од Христијанско-демократската унија уште од 1990 година, но станува активна во германскиот политички живот дури во 1999 година. Таа е лојален сојузник на канцеларката Ангела Меркел и до неодамна важеше за нејзин потенцијален наследник.

Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен

Пред да биде избрана за претседателка на ЕК, фон дер Лајен раководи со неколку германски министерства. Од 2005 до 2009 година ја има позицијата на федерална Министерка за семејство и млади, од 2009 до 2013 година е Министерка за труд и социјална политика, а во 2013 станува прва жена на позицијата Министер за одбрана на Германија.

Благодарение на богатото искуство, амбициозноста, течното зборување на трите клучни европски јазици, големата харизма, елегантниот стил, имиџот на супермајка на седум деца со железна дисциплина и импресивниот говор пред ЕП, Урсула го освојува гласот на 383 европарламентарци.

Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен

Многумина ја опишуваат како компетентна, интелигентна, искусна политичарка која ги поседува сите потребни квалитети за да биде на чело на ЕК. Урсула вети дека ќе се бори за поголема европска интеграција, поголеми права на жените, а против сиромаштијата и климатските промени.

Фон дер Лајен официјално ќе стапи на должност на 1 ноември.

Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен Урсула фон дер Лајен

Видео од говорот на Урсула пред Европскиот Парламент

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10281 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.