Почетна » Новости » Занимливости » Уникатната врска мајка-дете: Мајчинскиот допир е специјален и незаменлив

Уникатната врска мајка-дете: Мајчинскиот допир е специјален и незаменлив

Една е мајка.

Нов експеримент во кој дечиња со врзани очи треба да ја препознаат својата мајка меѓу други жени ќе ве убеди дека секоја жена е уникатна, како што е и врската меѓу мајката и детето.

Во видеото се прикажани 6 деца на возраст од 3 до 9 години кои со превез на очите треба да ја пронајдат единствената жена што можат да ја наречат мама. Децата се потпираат единствено на своите сетила за допир и мирис и на интуицијата, но сите успеваат да ги пронајдат своите мајки.

Пораката на крајот од видеото е: „Сите жени се уникатни“.

Видеото е создадено од компанијата за накит „Pandora“ и за само 8 дена има над 4,5 милиони прегледувања на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.