Почетна » Новости » Занимливости » Улогата на Витаминот Д во градење на имунитетот кај децата

Улогата на Витаминот Д во градење на имунитетот кај децата

Мнозинството педијатри препорачуваат витаминот Д да се внесува како додаток во исхраната кај деца помали од пет години. Сепак и покрај овие препораки, според некои истражувања, дури 74% од родителите не знаат зошто се препорачува овој „Сончев витамин“ и која е неговата улога? Затоа, недостатокот на витамин Д е многу честа појава во нашата климатска зона, посебно во зима (кај 70% од населението). Недостатокот се јавува кај половина од населението дури и за време на летните месеци.

Витамин Д

Витамин Д, кој уште се нарекува и „Сончев витамин“, е од клучно значење за цврстината на коските. Главен извор на овој витамин е нашата кожа.Провитаминот Д, кој се наоѓа во кожата, под дејство на ултравиолетовите сончеви зраци, се претвора во витамин Д. Дел од овој витамин се создава во детскиот организам, но секако потребно е Сонцето за да се активира. Витаминот Д е липосолубилен (растворлив во масти) и ја регулира апсорбцијата и употребата на минералите калциум и фосфор.

Овој витамин е познат имуномодулатор, има против-воспалително дејство, заштитно влијание на цревниот ѕид и ја потикнува неговата регенерација, помага при Кроновата болест и улцеративниот колит, при превенција и третман на атопичен дерматит и има значаен ефект во намалување на гастроинтестиналните инфекции. Влијае на нормалниот раст и развој и го помага вршењето на невролошки и клеточни функции.

Докажано е дека витаминот Д го зајакнува имунолошкиот систем и помага во борбата против инфекциите преку негово учество во продукција на моноцитите. Во последно време се направени многу истражувања за улогата на витаминот Д во респираторните заболувања, кои покажуваат дека неговото консумирање помага во намалување на инфламаторниот процес.

Многу педијатри укажуваат дека, минимум еднаш месечно, дијагностицираат рахитис кај малите деца (коските се премногу меки поради недоволната количина на калциум). Многу други деца имаат помалку сериозни проблеми, како што се недостаток на сила во мускулите, отежност при одење, болки во коските.

Витамин Д

Нивото на витамин Д се намалува при каков било воспалителен процес, намален имунитет, проблеми со варење, стомачни проблеми (грчеви) кај бебињата, дијареа, поради што е важно континуирано да се надополнува.

Бебињата обично се раѓаат со деветмесечна залиха на витамин Д. Оние деца кои се родени предвреме имаат зголемен ризик од дефицит на витамин Д и калциум. Исто така и доенчињата после девет месеци, кои не внесуваат доволно Д витамин и соодветно не се изложени на Сонце, имаат зголемен ризик за дефицит на овој витамин.

Од друга страна, консумирањето на пробиотици го надополнува процесот на подобрување на имунолошкиот систем. Кај малите деца се препорачува пробиотскиот сој Lactobacillus rhamnosus, кој еприроден жител во цревната миркофлора кај доенчињата и децата. Овие „добри“ бактерии имаат позитивен одговор при акутна инфективна дијареа предизвикана од ротавируси, постантибиотска дијареа – после третман со антибиотици, дијареа предизвикана од Clostiridium difficile, атопичен дерматит, грчеви (колики) кои најчесто се јавуваат во првите 4 месеци од животот на доенчињата.

Со консумирање на пробиотиците природно се надополнува нивото на „добрите“ бактерии, кои консумирани во комбинација со витамин Д, го заокружуваат кругот во одбрана на организмот и јакнење на имунитетот.

Производите кои во себе содржат пробиотици и витамин Д се одличен избор за суплементација на витаминот Д, нормален раст и развој на коските, одржување здрава цревна микрофлора, регулирање на дигестивните проблеми и намалување на времетраењето на бактериските и вирусните дијареи (за повеќе информации погледнете на http://baby.probalans.hr).

Пишува: Д-р Катерина Кикерковска, специјалист по семејна медицина

Probalans

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.