Почетна » Новости » Занимливости » „Убавината доаѓа одвнатре“: Силна порака на мајка која се стреми да ја научи ќеркичката да се сака себеси

„Убавината доаѓа одвнатре“: Силна порака на мајка која се стреми да ја научи ќеркичката да се сака себеси

Ќерките секогаш се огледуваат на своите мајки, па Ешли Локлин реши да биде најдобар пример за својата мала ќерка.

Таа објави фотографија на која со слатката Лондон позираат во исти костими за капење заедно со силна порака во која опиша како се обиде да ја скрие својата несигурност, за да ѝ покаже на малото девојче дека убавината доаѓа одвнатре.

Ешли и Лондон

Сакав да си ги штипнам зголемените бутови и вишокот масти на стомакот, но таа ме гледаше.

Сакав да застанам пред огледалото, да го вовлечам стомакот и да се видам од различни агли, но таа ме гледаше.

Сакав да си ги подигнам градите и да се обидам да си ја видам половината, но таа ме гледаше.

Сакав да речам „Не го носам ова“, додека се обидував да го растегнам ластикот на бикините, но таа ме гледаше.

Наместо тоа...

Застанав пред огледалото, ја грабнав нејзината рака и реков „Погледни нè!“

Се насмевнавме и започнавме да се вртиме во новите костими за капење.

Ја оставив наметката во собата и гордо зачекоривме на патот кон плажата.

Нејзината смисла за убавина и самодоверба доаѓа од мене и сакам да знае дека убавината доаѓа одвнатре. Дека совршено тело не е услов за забава. Дека секој може да се носи со самодоверба. Дека големината не ја диктира вредноста, убавината или количината на радост која ја заслужуваме.

Најубавата комбинација е жена која зрачи со самодоверба од секоја пора на нејзиното тело и испушта радост како електрицитет – без оглед на нејзината големина.

Дами, го можете вие тоа. Борете се со нагонот да се потиштувате себеси и покажете му на светот дека убавината доаѓа во сите форми и големини.

Ешли и Лондон

Ешли е мајка и на 7-месечниот Бенет.

Ешли и Лондон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.