Почетна » Новости » Занимливости » Трансформација со слабеење: Девојка ослабе 63 килограми за една година и изгледа непрепознатливо

Трансформација со слабеење: Девојка ослабе 63 килограми за една година и изгледа непрепознатливо

Упорна девојка одлучи да го промени својот начин на живот откако тежината целосно ѝ ја уништи самодовербата.

Сара Лини ослабе 63 килограми за само 50 недели и целосно си го трансформира изгледот, начинот на размислување и животниот стил. Сега, здравите оброци и редовната физичка активност се составен дел од нејзиното секојдневие.

Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини

Во YouTube видео, Сара објаснува дека дебелината толку многу ѝ ја уништила самодовербата што таа не можела да си најде работа и покрај тоа што била квалифицирана за работите позиции за кои аплицирала. „Не можам ни да ви објаснам на колку лошо место бев. Вишокот килограми дефинитивно влијае на твојот живот. Не сакав ни да ја напуштам куќата за да бидам во друштвена средина. Но, истовремено не бев среќна ниту со тоа“ – објаснува Сара.

Откако видела фотографии на Instagram од нејзина познајничка која ослабела, таа сфатила дека може да го направи истото.

Со помош на програма за слабеење, мотивираната девојка започнала прво да ја менува својата исхрана. Првите шест месеци од нејзиното патување, Сара ги посветила на приготвување здрави оброци и учење што е она што му е потребно/непотребно на телото.

Дури откако научила да се храни здраво и балансирано, таа започнала и да вежба. Резултатите од нејзините напори се неверојатни и таа започнала да ги објавува на Instagram за да мотивира и други личности да го следат нејзиниот пример.

Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини

„Сега знам дека не ми треба храна за да се забавувам. Не ми треба храна за да се чувствувам убаво во мојата кожа. Пресреќна сум што конечно избрав да живеам здрав живот. Сега надоместувам за ‘изгубените’ тинејџерски години“ – вели Лини.

„Поставете си цел и остварете си ги тие соништа. Работете напорно и бидете упорни за да ги направите посакуваните промени. Мојот живот се промени откако одлучив да ослабам“ – советува таа.

Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини

Бидејќи многумина ја прашуваат за вишокот кожа на стомакот, Сара сними видео во кое ја покажува виснатата кожа, но тврди дека таа многу помалку ѝ пречи отколку прекумерната тежина.

„Пред да ослабам, си мислев дека ќе си го мразам стомакот и дека ќе сакам да го кријам, дека ќе се срамам од стриите и нерамната кожа... Многу згрешив! Овие лузни го претставуваат моето патување, тие се постојан потсетник на битките кои ги водев и многу сум горда зашто знам дека сум подобра личност откако си го променив начинот на живот. Не се срамете од она што сте. Вие сте доволни“ – пишува на Instagram профилот на Сара. Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара Лини Сара ЛиниСара Лини 13 недели по почетокот на нејзиното патување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.