Почетна » Новости » Занимливости » Трансформација на мајка која не можела да си дозволи фитнес сала и вежба дома додека децата спијат

Трансформација на мајка која не можела да си дозволи фитнес сала и вежба дома додека децата спијат

Мајка на два мали сина успеала целосно да го трансформира својот изглед, вежбајќи во дневната соба додека децата спиеле. Таа намалила 23 килограми од својата тежина со ограничените ресурси кои ги имала во својот дом зашто не можела да си дозволи да плаќа во фитнес сала.

Џоана Бојлс Џоана Бојлс

Џоана Бојлс отсекогаш имала здрава телесна тежина. Но, двете бремености, брзата храна и лежерниот начин на живот по стапувањето во брак значително ѝ го промениле телото.

Бојлс, која била висока 160 см, имала 75 кг и постојано била исцрпена, летаргична и болна кога решила дека е време за промени. Најголемата мотивација за својата трансформација ја пронашла во улогата на мајка. „Започнав да размислувам како сакам да ги израснам моите деца. Сакав да ги научам на почит и самодисциплина, и најважното, да пораснат активни и здрави. Но, како би ги учела на овие вредности кога ниту јас не живеев со нив“ – рекла Џоана за Bodybuilding.com.

По темелно истражување, читање и учење за здравата исхрана и правилното вежбање, 30-годишната мајка започнала да го менува својот начин на живот. Со огромна посветеност Џоана започнала да ги заменува благите житарки, тестенините и пиците со хранливи варијанти и стигнала до посакуваните 52 кг.

Џоана Бојлс Џоана Бојлс Џоана Бојлс

Додека Џоана гледала на вежбањето како на време за себе, придржувањето кон диетата ѝ било вистински предизвик. „Ми беше многу тешко да се придржувам кон диетата. Јас сум тежок чокохолик и често се прејадував. Единственото нешто кое ми помогна да ја победам мојата опсесија за чоколадо беше да се откажам од чоколадото за време на Големите пости... Сега гледам на храната како на гориво. Ако јадам ѓубриња, се чувствувам како ѓубре“ – рекла таа.

Бојлс не дозволува нејзината опсесија со исхраната и вежбањето да влијае на нејзиниот семеен живот. „И покрај мојата желба да имам рамен стомак и низок процент на масти во телото, морав да запомнам дека прво сум мајка и сопруга. Моето семејство не сака постојано да се храни перфектно и јас не сакам да ги принудувам. Сакаме одвреме-навреме да излеземе на пица или на сладолед. Не сакам да бидам толку строга и да не го оставам моето 2-годишно дете да ме храни со бисквити“ – вели таа.

Џоана Бојлс

Џоана апелира дека секој може да направи здрави промени во својот живот, но дека резултатите нема да дојдат преку ноќ. „Започнете со мали цели, мали промени. Не очекувајте дека промената ќе се случи брзо или одеднаш, зашто нема. Фотографирајте го вашиот напредок... И дури и да ги немате идеалните ресурси, најважното е да го дадете најдоброто од себе со она што го имате“ – советува Бојлс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.