Почетна » Новости » Занимливости » Трансформација до непрепознатливост: Ви се верува ли дека ова е истата личност?

Трансформација до непрепознатливост: Ви се верува ли дека ова е истата личност?

Тешко е да се поверува дека двете фотографии подолу се од иста личност. Поранешен проќелавен маринец кој тежел 108 килограми денес е слаба русокоса жена.

Аведијан

Метју Аведијан навидум имал совршен живот – добра сопруга, слатка ќерка и работа како маринец. Но, во себе криел голема тајна.

Во ноември 2012 година, одлучил да го следи својот сон и започнал медицински процес за менување на полот. Започнал да прима естроген, си направил операција за зголемување на градите, ласерски си ги отстранил непосакуваните влакна и се подложил на сложен хируршки зафат. Резултатот е видлив. Од влакнест маж со име Метју, тој се претворил во жена со име Сона.

Сона вели дека уште од 4-годишна возраст знаела дека е родена во погрешно тело, но растела во конзервативно семејство и ја потиснувала желбата да преземе мерки за промена.

Пред големата промена, Метју служел во Иран и Авганистан. „Станав мачо алфа-мажјак. Кревав тегови шест пати неделно и одев на стрелање со пријатели. Си мислев дека ако бидам мачо ќе престанам да сакам да ја истражувам својата женствена страна... Мојот најголем страв беше дека некој ќе дознае, па изградив нормален живот. Се надевав дека станувањето татко ќе ме излечи, но тоа само ги влоши работите. Се прашував како можам да бидам добар родител и да го учам моето дете да ужива во искрен и автентичен живот кога јас живеев во лага“ – вели Аведијан, сега со нов идентитет.

АведијанАведијан пред големата трансформација Аведијан

Кога решил да ѝ признае на својата сопруга дека сака да стане жена, таа го поддржала. Нивната ќерка имала една година кога започнала трансформацијата.

Аведијан Аведијан Аведијан Аведијан

„Жената, детето, автомобилите, пушките, војската, сè – не жалам за ништо од тоа. Тие беа дел од моето патување“ – додава Аведијан во интервјуто за Caters News Agency.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.