Почетна » Новости » Занимливости » „Тој е нозете, а јас очите“: Жена која не може да оди и слеп маж заедно искачуваат планини

„Тој е нозете, а јас очите“: Жена која не може да оди и слеп маж заедно искачуваат планини

Мелани Кнехт и Тревор Хан се идеален тим. Таа не може да оди, а тој не може да гледа, но со здружени сили искачуваат планини и инспирираат со позитивното гледиште кон животот.

Имено, Мелани е родена со спина бифида, состојба во која ’рбетот и ’рбетниот мозок не се развиваат правилно додека бебето е во утробата на мајката. Тревор, пак, го изгубил видот пред пет години како последица на глауком.

Љубовта кон планините и активностите во природа ги спои Мелани и Тревор. „Имаше смисла. Тој е нозете, јас сум очите – Бум! Заедно ние сме тимот од соништата“ – изјавила Мелани во неодамнешно интервју. „На овој начин и двајцата имаме цел и огромна одговорност“ – додал Тревор.

Мелани Кнехт и Тревор Хан Мелани Кнехт и Тревор Хан Мелани Кнехт и Тревор Хан

Мелани во секојдневието користи ортопедска количка. „Целиот мој живот сум во инвалидска количка и неверојатно е чувството да ја оставам буквално илјадници метри назад на патеката“ – изјавила таа.

„Среќен сум што можам да помогнам некому да го искуси тоа што јас го доживував цел живот. Самото тоа што се качувате на планина, каде не може да стигне автомобил, прави да чувствувате како да сте постигнале нешто важно. Најдобриот дел е тоа што можам со тоа да ја насмеам Мелани“ – објаснува Тревор.

Мелани Кнехт и Тревор Хан Мелани Кнехт и Тревор Хан Мелани Кнехт и Тревор Хан Мелани Кнехт и Тревор Хан Мелани Кнехт и Тревор Хан

Пријателите, кои се доказ за моќта на тимската работа, ги документираат своите авантури со фотографии и видеа кои ги објавуваат на нивниот заеднички Instagram профил hiking_with_sight.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.