Почетна » Новости » Занимливости » „Тоа што не ве убива, ве прави посилни“: Србинка со ампутирана нога се врати на кошаркарскиот терен

„Тоа што не ве убива, ве прави посилни“: Србинка со ампутирана нога се врати на кошаркарскиот терен

„Можете да остварите сè што ќе посакате“ – ова е пораката на Наташа Ковачевиќ, инспиративната српска кошаркарка, која не дозволува ампутираната нога да ја спречи во реализирањето на своите најголеми соништа.

21-годишната Србинка се врати на теренот две години по несреќата и стана првата личност со инвалидитет во Европа која професионално игра кошарка. Минатата седмица, Наташа го одигра својот прв натпревар со екипата на Црвена Ѕвезда.

Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ

На Ковачевиќ ѝ била ампутирана ногата од коленото надолу во септември 2013 година. Таа доживеала тешка сообраќајна несреќа во Унгарија додека патувала со автобус.

И покрај тоа, младата спортистка, која пред сообраќајката настапувала во повеќе репрезентативни селекции на Србија, не го изгубила својот ентузијазам и надежта дека еден ден повторно ќе се врати на теренот.

Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ

Со помош на спортска протеза, Наташа напорно тренирала, туркајќи ги препреките кои ѝ стоеле пред целта. Нејзиниот камбек бил дочекан со силен аплауз.

Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ

По натпреварот, Ковачевиќ со насмевка на лицето им порача на сите да не се откажуваат и да се борат за своите соништа. Мотото на Наташа е: „Она што не те убива, те прави посилен“ и таа е пример дека и по тежок момент во животот треба да го живееме секој ден во целата негова убавина.

Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ Наташа Ковачевиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.