Почетна » Новости » Занимливости » Тимот на Систина офталмологија со награда на „Конгресот на Хрватското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија“

Тимот на Систина офталмологија со награда на „Конгресот на Хрватското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија“

На годинашниот XI ти по ред Конгрес на Хрватското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија, кој се одржа на 24 октомври во Загреб, д-р Фанка Гилевска, која е дел од врвниот тим на Систина Офталмологија, ја доби наградата „Зерголен Чупак“ за најдобар научен труд во секцијата Млади офталмолози, во конкуренција од 17 учесници од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.

На овој конгрес, тимот на Систина Офталмологија беше поканет да присуствува заедно со повеќе од 300 офтамолози од Хрватска и регионот, како и предавачи од цела Европа и САД. На конгресот беа претставени новитети од областа на катарактата и рефрактивната хирургија, рожница (корнеа) и рефрактивна хирургија, медицинска и хируршка ретина, глауком – дијагноза и терапија.

Д-р Фанка ГилевскаД-р Фанка Гилевска со награда за најдобар млад офталмолог Д-р Фанка Гилевска и д-р Лилјана Зерголен ЧупакД-р Фанка Гилевска и д-р Лилјана Зерголен Чупак

Д-р Златко Арнаудовски во улога на претседавач на секцијата за Катаракта и рефрактивна хирургија одржа предавање на темата „Хирушки третман на вродена катаракта (перде)“ и ги пренесе искуствата на Систина Офталмологија, додека д-р Билјана Костовска одржа предавање и ги пренесе искуствата од работата на Одделот за рефрактивна хиругија на Систина Офталмологија во рамките на Секцијата за Рожница (корнеа) и рефрактивна хирургија. На конгресот присуствуваа и д-р Виолета Бучковска и д-р Илир Османи кои ги следеа презентациите и разменија корисни искуства со своите колеги.

ЕсенаТимот на Систина Офталмологија со д-р Лилјана Зерголен Чупак ЕсенаТимот на Систина Офталмологија со проф. д-р Никица Гарбиќ

Во рамките на конгресот се одржа „Live surgery“ симпозиум во соработка со италијанскиот конгрес „Videocatarattarefrattiva“ на кои партнерската клиника на Систина Офталмологија, Универзитетската клиника Свјетлост од Загреб, беше по трет пат повикана да учествува со директен пренос на имплантирање на најнови модели на мултифокални и монофокални леќи во Милано. Универзитетската клиника Свјетлост беше наградена со „Best Live Surgery 2015“ во конкуренција со најдобрите клиники во Милано, Каиро, Истанбул и Букурешт, и на проф. д-р Никица Габриќ му беше доделена награда за животно дело.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11213 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.