Семејство од Хон Конг секоја година ја пресоздава истата фотографија, а нивната фото-збирка е доказ дека децата растат брзо.
Првата фотографија била направена во 2008 година, кога Тифани била новороденче, од страна на нејзината мајка. На неа, Вонг Тинг-ман го држи заспаното бебенце в раце, заспаното куче на нозете и истовремено ја гали семејната мачка.
2008

2018

„Бев многу уморен. Веројатно штотуку ѝ ја имав променето пелената на ќерка ми и одмарав на каучот. Таа спиеше на мене. Одеднаш, моите миленици дојдоа и не можев да се помрднам ниту милиметар“ – рекол Вонг.
Семејството ја направило втората фотографија во 2013 година и оттогаш верно ја следи традицијата.
„Ова не само што е специјално, туку ќе биде и прекрасен спомен кога ќе се навратиме на него по 10 или 20 години“ – додал 49-годишниот татко.
2013

2014

2015

2016

2017
