Почетна » Новости » Занимливости » Татко се откажал од висока плата и кариерата за да ѝ се посвети на ќерката со Даунов синдром

Татко се откажал од висока плата и кариерата за да ѝ се посвети на ќерката со Даунов синдром

Успешен бизнисмен се откажал од својата кариера и луксузниот живот за да може целосно да ѝ се посвети на ќерката со Даунов синдром. Тој убедливо тврди дека никогаш не бил посреќен.

Џон Силк и Вики

Џон Силк бил сопственик на агенција за вработување, но сега работи како кондуктер во училиштен автобус за да може да ја гледа ќерка си Вики секој ден и да ја води во незаборавни авантури. 55-годишниот татко користи купони за попусти, води детален дневник за сè што купува и носи облека стара 15 години за да може да заштеди за патувањата на ќерка си.

Досега, дуото татко-ќерка има посетено 15 земји за време на 24 патувања.

Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики

„Сакав да ѝ го покажам светот на Вики. Сè што сакав беше да ја видам како се смее и како стои со подотворена уста од одушевување. Секоја пара која ја заработувам сега оди за патувања за неа“ – вели Џон. „Ако сте доволно мотивирани за да направите нешто, можете да поместите планини“ – додава тој.

Вики не само што има Даунов синдром, туку и страда од синдром кој го засега нејзиното срце и белите дробови. Докторите предвидувале дека Вики ќе живее само 15 години, но таа секојдневно ги изненадува. 22-годишната девојка, која има одлични шанси да живее до 35-40 години, има импресивно резиме на патувања и искуства во својот дневник. Таа има јавано слон, галено тигар, летано над Нијагарините водопади, се има забавувано во Дизниленд...

Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики

Сепак, најдраго искуство за Вики е гледањето на активен вулкан, кое било исполнување на нејзина голема желба.

И покрај здравствената состојба на веселото девојче, нејзиниот татко е оптимист и се фокусира на тоа максимално да го искористи времето со неа, без да мисли на крајот. „Се обидувам да не мислам на тоа каков ќе биде мојот живот без Вики. Наместо да размислуваме за крајот, ние мислиме на сите почетоци кои ни претстојат. Во меѓувреме не можевме ни да бидеме посреќни. Вики ме научи што е живот“ – вели тој.

Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики Џон Силк и Вики

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.