Почетна » Новости » Занимливости » Татко ги инспирира лицата со хендикеп преку фотографии од синчето со Даунов синдром

Татко ги инспирира лицата со хендикеп преку фотографии од синчето со Даунов синдром

Татко на син со Даунов синдром создава прекрасни фотографии за да покаже дека лицата со посебни потреби можат да постигнат сè што сакаат. На нив, 2-годишното детенце е супер-херој кој има натприродна моќ да лета.

Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс

Иако Ален Лоренс секојдневно се инспирира од нештата кои ги постигнува неговиот син Вил, признава дека бил многу исплашен кога дознал дека ќе има дете со Даунов синдром. „Бев вознемирен кога се роди, зашто имав предубедувања дека ќе треба да се пензионирам од животот ... Бев себичен затоа што се плашев дека Вил ќе биде товар и измачување за нашето семејство“ – изјавил таткото.

Ален сега го нарекува своето петто дете „светлина во семејството“ и е убеден дека Вил може да постигне сè што ќе посака во животот. Талентираниот татко има мисија да им покаже на родителите на деца со Даунов синдром дека можат да живеат среќно. „Сакам да му покажам на светот дека може да се има среќен живот и со дете со Даунов синдром“ – порачува Ален.

Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс

Дел од фотографиите ќе бидат искористени за да се создаде календар за 2016 година. Половина од приходите од неговата продажба ќе бидат донирани за добротворни организации за лица со Даунов синдром.

Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11306 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.