Почетна » Новости » Занимливости » „Таа се роди за да ги смее луѓето“: Хит фотографија на мајка од ќеркичката со Даунов синдром

„Таа се роди за да ги смее луѓето“: Хит фотографија на мајка од ќеркичката со Даунов синдром

Неодолива фотографија од бебенце со Даунов синдром, кое се смее додека спие, стана вирален хит.

Флоренс

Кетрин Вит, мајката на малата Флоренс, вели дека ја споделила фотографијата мислејќи дека ќе добие само неколку допаѓања, но не ни помислувала дека таа ќе допре до стотици илјади лица. Објавата на Кертин има повеќе од 130 илјади споделувања и над 10 илјади коментари полни со поддршка и признанија од многу лица дека 6-неделното бебенце им измамило насмевки.

Сега, гордата Британка верува дека Флоренс била родена за да ги смее луѓето. „Немам прекинато да се смеам од денот кога Флоренс пристигна во мојот живот. Таа ми го направи семејството целосно. Откако фотографијата стана хит, добивам пораки од лица од целиот свет кои ми кажуваат дека таа ги насмеала и нив“ – вели Вит.

Флоренс

Флоренс се родила во мај 2015 година, а Кетрин била пресреќна зашто сонувала да има девојче. „Кога се роди, му реков здраво на моето мало девојче, потоа го погледнав сопругот и почнав да плачам. Постојано му се заблагодарував што ми го подари совршеното бебе“ – признала Кетрин.

Флоренс

„Никогаш не сум се грижела за Дауновиот синдром. Не би ѝ го одзела тој екстра хромозом ни за милион фунти. Секој од нејзините хромозоми е совршен, дури и оној кој ѝ причинува Даунов синдром. Таа се роди за да го смее светот. Ако Флоренс не се загрижува за Дауновиот синдром, зошто да се грижиме ние? Таа е совршена токму онаква, каква што е“ – додава таа.

Флоренс денес има 10 месеци.

Флоренс Флоренс Флоренс Флоренс Флоренс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.