Почетна » Новости » Занимливости » Т-Мобиле: 10 бесплатни Samsung Galaxy S6 во City Mall на 19 април

Т-Мобиле: 10 бесплатни Samsung Galaxy S6 во City Mall на 19 април

На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т-Мобиле и Samsung приредуваат несекојдневно изненадување за своите корисници на 19 април, недела, на вториот кат во City Mall во Скопје од 12:00 до 15:00 часот.

Настанот ќе биде од забавен карактер и на големо изненадување на сите корисници, ќе се подаруваат 10 Samsung Galaxy S6 преку одговарање на едноставни прашања со СМС.

Истовремено, сите кои тој ден во Телеком продавницата во City Mall ќе го купат Samsung Galaxy S6 или S6 Edge, ќе го добијат одличниот Samsung S5mini за 1МКД.

Samsung Galaxy S6 Edge е еден од најдобрите телефони креирани од почетокот на годинава, со дуал странични дисплеи со кои ќе искусите живописни бои и драматичен контраст. Со светол, јасен и жив екран, Samsung Galaxy S6 Edge е исто толку софистициран и елегантен како што е и паметен.

Samsung Galaxy S6

Под елитното, мазно тело, во мат-метал и стакло - лежи моќен процесор. Со најдобра интуитивна камера досега воопшто интегрирана во телефон, и задната и предната камера го снимаат секој момент со исклучителна јасност за прекрасни фотографии во какво било опкружување и осветлување, дури и на многу светол, сончев ден како овој. И она што е најдобриот новитет е што Samsung Galaxy S6 Edge веќе не се полни на стандарден полнач, туку на посебен дисплеј со режим за заштеда на енергија и брзо полнење за само 10 минути. 100% безжично и со 0% употреба на штекер!

Samsung Galaxy S6

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.