Малите љубезни гестови имаат моќ да измамат насмевка на нечие лице, да стоплат нечие срце, да променат нечиј свет или да ја вратат вербата во човечноста. Денес оставете ги предрасудите зад себе, отворете го срцето и дозволете ѝ на добродушноста да ве понесе.

Секоја година на 13 ноември низ светот се слави Светскиот ден на љубезноста. Овој празник се роди на денешен ден во 1997 година, кога група хуманитарци ја создадоа „Декларацијата за љубезност“. Земји-основачи на т.н. Светско движење за љубезност се Јапонија, Сингапур, Австралија, Канада, Тајланд, Велика Британија и САД.
Секој може да го направи светот поубаво место за живеење. Прочитајте цитати кои ќе ве инспирираат да скокнете во акција.
„Љубезноста е јазик кој глувите можат да го слушнат, а слепите можат да го видат“ – Марк Твен
„Љубезноста е љубов облечена во работни чизми“ – Непознат автор

„Топлата насмевка е универзален јазик за љубезност“ – Вилијам Артур Вард
„Каде што има човек во неволја, постои можност за љубезност“ – Кевин Хет

„Ние размислуваме премногу, а чувствуваме премалку. Повеќе ни треба хуманост одошто машинерии. Повеќе ни треба љубезност и нежност одошто остроумие“ – Чарли Чаплин

„Светот е преполн со љубезни лица... Ако не можеш да најдеш љубезна личност, стани таква“ - Движење за љубезност

„Денес подари му насмевка на лице кое не го познаваш. Тоа можеби ќе биде единствениот сончев зрак што ќе го огрее цел ден“ – Џексон Браун Џуниор

„За привлечни усни, изговарај љубезни зборови. За убави очи, барај го доброто кај луѓето. За тенка фигура, споделувај ја храната со гладните. За убава коса, дозволувај му на мало дете да поминува со неговите прсти низ неа еднаш дневно...“ – Сем Левенсон

„Љубезноста во зборовите создава доверба. Љубезноста во размислувањето создава мудрост. Љубезноста во делата создава љубов“ – Лао Це
„Никој досега не се осиромашил од давање“ – Ана Франк

„Мојата религија е едноставна. Моја религија е љубезноста“ – Далај Лама XIV
„Биди љубезен со нељубезните луѓе. Ним тоа најмногу им е потребно“ – Ешли Брилијант