Почетна » Новости » Занимливости » Спортски бренд критикуван заради етикети на кои пишува дека перењето е женска работа

Спортски бренд критикуван заради етикети на кои пишува дека перењето е женска работа

Меѓународниот ден на жената не помина добро за индонезиската компанија „Salvo Sports“, која предизвика лавина од негативни коментари поради сексистичкиот натпис на своите етикети.

Текстот „Дај ѝ го дресот на твојата жена. Тоа е нејзина работа“, кој стои во инструкциите за перење на облеката од спортскиот бренд, наиде на остри критики на социјалните мрежи, каде беа објавени фотографии од етикетите. Голем дел од коментарите се насочени кон задебелените големи букви „ТОА Е НЕЈЗИНА РАБОТА“, бидејќи пренесуваат порака дека перењето е женска обврска.

Од „Salvo Sports“ вчера официјално ѝ се извинија на јавноста и објаснија дека нивната намера била сосема поинаква. Во нивниот прв твит пишува: „Пораката е дека наместо да ја перете облеката на погрешен начин, можете да ѝ ја дадете на некоја дама, бидејќи жените се поспособни“.

„Немавме намера да ги понижиме жените. Напротив, сакавме да им кажеме на мажите дека треба да учат од жените како да се грижат за својата облека“ – пишуваат во вториот твит од компанијата, додавајќи дека се извинуваат за недоразбирањето.

И покрај извинувањето, негативните коментари не стивнуваат. Од компанијата не дадоа одговор на прашањето дали критикуваните дресови ќе бидат повлечени од продажба или не.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11111 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.