Почетна » Новости » Занимливости » Специјална Олимпијада Македонија со најуспешен олимписки настап

Специјална Олимпијада Македонија со најуспешен олимписки настап

Државна видеолотарија на Република Македонија во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството, со донација ги охрабри членовите од Специјална Олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик – учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес. Тие постигнаа најголем успех досега.

Настанот кој се одржуваше од 25 јули до 02 август е најуспешен настап на наша делегација на некои олимписки игри. Според претседателот на Специјална Олимпијада Македонија и воедно водач на делегацијата, Ана Петровска, во сите дисциплини во кои се натпреваруваа, освоени се медали.

Специјална Олимпијада Македонија

„Во сите олимписки дисциплини во кои се натпреварувавме, атлетика, пливање, пинг понг и Јунифајд кошарка освоивме медали. Со гордост се враќаме во Македонија за да ја споделиме радоста со домашната јавност. Овие Олимписки игри само потврдија дека нашите атлети со интензивни тренинзи во рамки на програмата на Специјална Олимпијада Македонија може да освојува медали во големи рингови. Им благодариме на сите поддржувачи кои веруваа во нас и нашиот тим“ – вели Петровска.

Еве ја и листата на носители на медали на Светски летни Олимписки Игри на Специјална Олимпијада Лос Анџелес 2015.

Атлетика

Јулијана Петровска – злато на 100 метри

Ајвази Себат – сребро атлетика 200 метри

Ајвази Себат – сребро атлетика 400 метри

Албан Бајрамовски – сребро на 400 метри

Пливање

Марио Мицковски – злато 25 метри слободен стил

Стефан Трпковски – бронза 25 метри слободен стил

Јована Павловиќ – бронза 50 метри пливање слободен стил

Пинг Понг

Фатиме Бељур – бронза

Давид Стојановски – бронза

Кошарка

Унифајд тим – сребро освоено во мечот Македонија – Брегот на Слоновата коска

Само за потсетување, ова е најголемиот глобален, спортски и воедно хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји се натпреваруваа во 25 Олимписки спортови и ја демонстрираат храброста, решеноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.