Почетна » Новости » Занимливости » Социјален експеримент: „Јас сум ХИВ позитивен, се осмелуваш ли да ме допреш?“

Социјален експеримент: „Јас сум ХИВ позитивен, се осмелуваш ли да ме допреш?“

Луѓето низ светот кои живеат со ХИВ вирусот често се отфрлани од општеството поради верувањата дека вирусот лесно може да се пренесе од една личност на друга преку допир, поздравување со рака, прегратка или бакнеж.

Финската компанија „Yle Kioski“, во соработка со маж кој е ХИВ позитивен, направи експеримент на финските улици кој ќе ве остави без зборови. Во видеото, Жан застанува со затворени очи и раширени раце пред знак на кој пишува: „Јас сум ХИВ позитивен, допри ме“. Целта на експериментот е да се тестира дали стигмата поврзана со ХИВ/СИДА сè уште постои меѓу финските жители.

На почетокот, луѓето го одминуваат Жан, а некои дури и со недоверба бегаат од него, но подоцна реакциите на минувачите стануваат сè потопли, за на крајот да му ги насолзат очите на смелиот Финец.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.