Почетна » Новости » Занимливости » Со прстен ја „запросил“ малата поќерка: „Сакаш ли да ми бидеш ќерка засекогаш?“

Со прстен ја „запросил“ малата поќерка: „Сакаш ли да ми бидеш ќерка засекогаш?“

Кога Вилијам Ледбетр решил да ја побара својата сакана за жена, тој сакал да направи нешто специјално и за нејзината ќерка Меди. Грижливиот маж купил два прстена и откако неговата девојка Пејџ го прифатила неговиот предлог за брак, тој ја „запросил“ и малата Меди.

Во видеото од невообичаениот предлог, Вилијам прво му соопштува на 5-годишното девојче дека ќе се жени за мајка му, а потоа вади прстен и го прашува: „Сакаш ли да ми бидеш ќерка засекогаш?“ Меди возбудено му дава потврден одговор.

„Синоќа ја запросив мојата девојка, но сакав и моето слатко девојче да биде вклучено во возбудата“ – напишал тој на YouTube.

Ледбетр ја „запросил“ Меди затоа што не сакал да се чувствува изоставено. Во интервју за The Huffington Post, тој рекол: „Не сакав Меди да го види прстенот што ѝ го купив на Пејџ и да се почувствува изоставено. Па, купив прстен и за Меди, заедно со ланче и обетки за да се чувствува како да ја „победила“ мајка си“.

Вилијам Ледбетр Вилијам Ледбетр

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.