Почетна » Новости » Занимливости » Слатката принцеза Шарлот им доставува храна на изолирани лица на фотографиите за нејзиниот 5-ти роденден

Слатката принцеза Шарлот им доставува храна на изолирани лица на фотографиите за нејзиниот 5-ти роденден

Малата принцеза Шарлот наполни пет години. По тој повод, Кенсингтонската палата објави официјални фотографии од слаткото девојче додека помагаше во доставување на храна на пензионери кои се изолирани во своите домови поради коронавирусот.

Шарлот изгледа неодоливо во карирано фустанче на фотографиите направени минатиот месец од војвотката Кетрин.

принцезата Шарлот принцезата Шарлот

„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделија четири фотографии од принцезата Шарлот пред нејзиниот петти роденден. Фотографиите се направени од Војвотката додека семејството помагаше во пакување и доставување пакети со храна на изолирани пензионери во локалното подрачје“ – пишуваат од палатата.

принцезата Шарлот принцезата Шарлот

Неодамна, војвотката Кетрин и принцот Вилијам со трите деца се вклучија во акцијата за поддршка и им аплаудираa на медицинските лица кои се во првиот ред во борбата со коронавирусот.

принцезата Шарлот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10400 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.