Почетна » Новости » Занимливости » Силна порака за сите кои некогаш си помислиле „Подобро е да умрам“

Силна порака за сите кои некогаш си помислиле „Подобро е да умрам“

Трогателната приказна за татко кој го изгубил синот поради самоубиство деновиве кружи на интернет за да пренесе моќна порака до сите кои некогаш си помислиле „Подобро е да умрам“ или „Никому нема да му недостигам“. Пораката е дека самоубиството никогаш не е решение и дека секогаш ќе недостигате некому.

Иако приказната беше споделена пред една година од анонимен здравствен работник на блогот за ментално здравје „After Crisis“, таа стекна популарност деновиве, откако беше објавена од корисникот MrBollywood на Imgur.

„Никому нема да му недостигам“, „Подобро е да умрам“

Кога работев во непрофитна организација за спречување на самоубиства, имав достап до податоците за донации. Секој месец, ист маж донираше по 15 долари за нашата организација. Беше точен како часовник... истиот ден, истиот маж го правеше тоа 4 години. Секогаш ми беше чудно, но никогаш не поставував прашања... додека еден ден не видов прикачена порака:

„За Ноа - Тато“.

Неговата донација некогаш била џепарлак за неговото дете.

Ви ветувам, ќе им недостигате до крајот на нивните животи.

Самоубиство

Под оригиналната порака MrBollywood напиша:

„Сочувствувам со сите кои некогаш изгубиле пријател, член од семејството или сакана личност поради самоубиство. Секогаш имајте на ум дека самоубиството никогаш не е решение. Секогаш има некој кој ве сака и ќе продолжи да ве сака без разлика на сè“.

„Искрено се надевам дека никој нема да има потреба да го искористи следново, но ако некогаш сте почувствувале дека ви е ужасно тешко да зборувате за тоа, запомнете дека секогаш има некој таму некаде :)“

Самоубиство

Објавата досега има повеќе од 650.000 прегледувања на Imgur и 800 коментари, во кои стотици лица пишуваат за своето искуство со менталните болести, депресијата или за загубата на блиска личност поради самоубиство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11060 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.