Почетна » Новости » Занимливости » Седум пријателки купија куќа и ја претворија во дом од соништата за да живеат заедно кога ќе се пензионираат

Седум пријателки купија куќа и ја претворија во дом од соништата за да живеат заедно кога ќе се пензионираат

Дали некогаш сте се шегувале со пријателките дека ќе купите заеднички дом во кој ќе живеете заедно кога ќе остарите?

Седум пријателки од Кина ја претворија таа шега во реалност и станаа вирален хит на интернет.

Тие заедно купија куќа во предградието на градот Гуангџоу и во неа вложија повеќе од половина милион долари за реновирање, претворајќи ја во дом од соништата. Нивна цел е да живеат таму заедно откако ќе се пензионираат.

Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки

„На почетокот, тоа беше шега. Се шегувавме дека ќе се сретнеме кога ќе имаме 60 години и дека ќе ги живееме пензионерските денови заедно. Бевме колешки и понекогаш сме поблиски дури и од сестри“ – рекла една од пријателките.

Куќата на седумте пријателки се протега на површина од 700 м2, а е обиколена со поле. На првиот кат од куќата има дневен простор за сите, со голема трпезариска маса каде што сите јадат заедно. На горниот кат има соба за секоја од нив. Теписите, масите и некои од декорациите во собите се купувани од пријателките од Индија и Мароко.

„Заедно готвиме, правиме скара во полето, пееме и собираме храна од селото. Се шегуваме дека отсега секоја од нас треба да започне да стекнува една вештина за да не бидеме осамени и да се караме една со друга по 10 години. На пример, една може да готви вкусна храна, друга да знае традиционална кинеска медицина, трета да свири инструменти, четврта да сади зеленчуци...“ – објаснила една од пријателките.

„Ние сме независни личности, но истовремено можеме да комуницираме и да се потпреме една на друга. По 10 години, нашите деца ќе пораснат, па се надеваме дека ќе можеме повторно да бидеме заедно“ – додала таа.

Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки

Видео

Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки Седум пријателки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.