Марина Комс го живее животот со полна пареа. Атрактивната Шпанка неуморно го обиколува светот и ита од една во друга земја, истражувајќи ги нивните традиции и култура.
Авантуристката, која живее во Барселона, споделува фотографии на Instagram од атрактивните дестинации кои ги посетува, па воопшто не е чудно што бројот на следбеници ѝ расте сè повеќе од ден на ден.
Мароко, Турција, Грција, Хрватска, Португалија, Малдиви... Ѕирнете во авантурите на Марина, чиј омилен летен моден додаток несомнено е шеширот: