Почетна » Новости » Занимливости » Сауна во домот за подолг живот

Сауна во домот за подолг живот

Поставување на сауна во домoт дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува вложените средства.

Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз, или само како место за уживање, малкумина знаат дека сауната обезбедува бројни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Здравјето нема цена! Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие советуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен благодет од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диjабетeс.

Сауна

Не е случајност што во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Финците дефинитивно ги знаат предностите на овој еликсир, и секако максимално ја користат сауната.

Во Македонија, денес речиси и не може да се замисли еден хотелски, или спортски центар без современ спа центар кој вклучува сауна, топла бања и масажа. Дури и хотел се избира според тоа каде овие дополнителни поволности се најдобри. Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни. Но, немаме секогаш време да одиме во сауна која е оддалечена од нашето место на живеење, затоа идеално решение е сауна во местото на живеење. Кога би имале услови за секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството и пријателите особено во зимските денови.

Сауна Сауна

На следниов линк http://pirinexport.mk/ можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба. Изборот на сауна пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства потребни за монтажа. Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба чини околу 2.000 евра (1.800 евра промотивно овој месец), а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат. Ако сакате доверлива компанија која крајно професионално ќе реализира спа решение, ја препорачуваме компанијата Пирин експорт, која се наоѓа позади млечениот ресторан во Скопје. Сауната навистина прави да „се чувствувате подобро”, да „изгледате подобро” и „да спиете подобро”.

Сауна Сауна

Ако можете, дозволете си ја. Животот е убав и затоа треба да уживаме максимално во него.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.