Почетна » Новости » Занимливости » „Само ќерка без мајка знае...“: Емотивен текст од девојка која прерано ја изгубила мајка си

„Само ќерка без мајка знае...“: Емотивен текст од девојка која прерано ја изгубила мајка си

Секоја жена, без разлика на возраста, има потреба од мајка си.

Ники Пенингтон е блогерка во 30-тите години од својот живот, која пред 5 години ја изгубила својата мајка како последица на неизлечив рак на мозокот.

За да се справи со огромната тага, Ники започнала да ги преточува своите чувства во текстови кои ги објавува на блогот „Grief Tо Hope“. Нејзините зборови допираат во срцата на сите кои некогаш изгубиле родител.

Еве еден од нејзините текстови, кој поттикна многу корисници на Facebook да го споделат своето искуство:

Ники Пенингтон

Само ќерка без мајка ја знае осаменоста во последното збогум и моќта зад тоа последно „Те сакам“.

Само ќерка без мајка ја знае заглушувачката тишина во породилната сала кога нејзината мајка не е таму при првиот здив на нејзиното внуче.

Само ќерка без мајка ја знае разликата помеѓу „Ми недостига мајка ми“ затоа што таа не живее тука и „Ми недостигаа мајка ми“ затоа што таа живее во Рајот.

Само ќерка без мајка го знае чувството да се буди секој ден, знаејќи дека сето ова ниту утре нема да биде сон.

Само ќерка без мајка знае колку многу пати го зела телефонот да ѝ се јави на Мама, надевајќи се дека по некоја случајност таа можеби ќе одговори, и покрај тоа што е свесна дека во Рајот нема Wi-Fi.

Само ќерка без мајка знае дека без разлика колку пати се потсетува дека Мама ја нема, таа сè уште ќе ја бара во собата.

Само ќерка без мајка знае колку боли вечно да се прашуваш што би било.

Само ќерка без мајка знае како е да копнееш по шанса да започнеш од почеток, шанса која никогаш нема да дојде.

Само мајка без ќерка може да ти каже како посакува порано да сфатеше дека многу работи лесно се опростуваат откако засекогаш ќе ја изгубиш личноста која ја сакаш.

Само ќерка без мајка ги знае овие и многу други нешта, но нема да ти ги каже зашто нив може да ги разбере само ќерка без мајка.

„Само ќерка без мајка знае дека не постои прегратка како мајчината прегратка“ – напиша корисничка во коментарите.

Ники Пенингтон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.