Почетна » Новости » Занимливости » „На денот на свадбата, кога ќе ја бараш меѓу гостите, ќе ти недостига“: Емотивен текст кој допира до секој кој изгубил родител

„На денот на свадбата, кога ќе ја бараш меѓу гостите, ќе ти недостига“: Емотивен текст кој допира до секој кој изгубил родител

Мајката е најважната личност во животот на детето, па кога неа ќе ја нема, останува голема празнина која не може да биде пополнета. Жена која ја изгубила својата мајка напиша емотивен текст кој стана хит на интернет.

Во него, Ники Пенингтон од сопствено искуство пишува дека помирувањето со загуба на родител е тежок процес и дека без разлика дали ќе поминат 2, 5 или 15 години, децата секогаш ќе ги бараат своите покојни родители во толпата. Особено во важните за нив моменти како свадбениот ден, раѓањето на нивното бебе, родендените...

Ники вели дека во моментите кога ѝ недостига, таа се труди да ја пронајде нејзината мајка во секојдневните моменти, во зборовите на нејзината омилена песна, во насмевката на нејзиното дете, бидејќи така сфаќа дека таа засекогаш ќе биде покрај неа.

Прочитајте го текстот кој веројатно ќе ви ги насолзи очите:

Жена

Таа ќе ти недостига.

Независно колку долго време си знаела дека вашето последно „збогум“ наближува, никогаш нема да бидеш подготвена за него.

Таа ќе ти недостига.

Во обичните денови кога ништо не се случува, таа ќе ти недостига. И во деновите кога сакаш да започнеш од почеток и да се вратиш во времето кога таа беше тука, бидејќи таа е единственото нешто што ти треба.

Ќе ти недостига.

На свадбениот ден, кога ќе чекориш кон човекот кој те сака повеќе од животот, човекот кој ќе те бара само тебе меѓу гостите, ти ќе ја бараш единствено неа.

Ќе ти недостига.

Кога роденденските забави ќе поминат без нејзиното присуство, кога поканите за сите настани ќе бидат испратени без нејзиното име на списокот. Кога семејните прослави ќе ги вклучуваат сите освен неа. Кога божиќните подароци ќе се отворат, а единственото нешто што ти ќе го посакуваш за Божиќ нема да можеш да го имаш, зашто рајот не може да ти ја позајми ниту на еден ден.

Таа ќе ти недостига.

Кога ќе се менуваат годишните времиња, кога сонцето ќе изгрева и заоѓа, кога товар ќе ти тежи на грбот и кога радоста на животот ќе ти ја исполнува душата.

Таа ќе ти недостига.

Таа ќе ти недостига на милион големи начини и на милион мали начини.

Ќе ти недостига секојпат кога телефонот ќе заѕвони, мислејќи дека можеби ти се јавува таа.

Ќе ти недостига уште пред да издише за последен пати и во првата секунда откако засекогаш ќе го напушти овој живот.

Ќе ти недостига кога смеењето на син ти наликува на нејзиното или кога случаен минувач ќе помине покрај тебе, а ти барем за секунда ќе можеш да се заколнеш дека е таа.

Ќе ти недостига кога твоето малечко ќе те праша каде живее БАБА.

Од минутата кога таа ќе замине, без разлика колку време ќе помине, таа засекогаш ќе ти недостига.

Кога луѓето ќе ти велат да продолжиш со животот и да го надминеш тоа зашто поминало долго време, тие нема да разбираат дека таа ќе ти недостига.

Но, некаде помеѓу моментите кога ќе ти недостига, ќе се сетиш дека тоа што ти недостига не значи и дека си ја изгубила.

Тоа што ти недостига не значи дека ја нема повеќе.

Тоа што ти недостига не значи дека треба малку повеќе да се потрудиш да ја пронајдеш во секојдневните моменти, бидејќи таа е таму, таа отсекогаш била токму таму каде што си ти и тоа е нешто што ниту растојанието меѓу рајот и земјата не може да го промени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.