Почетна » Новости » Занимливости » „Садиме здрави навики“ со ВИВА и најмладите

„Садиме здрави навики“ со ВИВА и најмладите

Како цел од својот концепт за здрава исхрана и здрави навики, компанијата Вивакс спроведе еко акција со садење овошни дрвца во неколку детски градинки во Скопје. Како дел од оваа ВИВА кампања, децата активно учествуваa во садењето на овошните садници и истовремено имаа можност да слушнат и да научат важни совети за своето здравје и за заштита на животната околина.

Вива Вива

„Целта на нашата кампања е преку едукативни активности да им помогне пред сé на најмладите, да го разберат концептот на здрава исхрана и важноста од секојдневно консумирање на овошје и овошни сокови. Со садењето на дрвца сакаме да ја истакнеме важноста за одржување и грижа за околината, и истовремено да создадеме здрави навики “, изјави Тања Атанасова, маркетинг директор во Вивакс.

Вива Вива

Со оваа акција, компанијата уште еднаш ја покажа својата општествено одговорна страна и ја продолжи низата на активности од хуманитарен и од едукативен карактер. Вивакс е истовремено прва и единствена компанија во Македонија која го воведе интернационалниот коњички натпревар – ВИВА куп, што е потврда плус за инволвираноста и посветеноста на компанијата во креирањето и во развојот на навиките за здрав живот.

Сто проценти кај ВИВА значи: сто проценти овошје, сто проценти квалитет, сто проценти природно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.