Почетна » Новости » Занимливости » Росана Митевска, лице на #УбавинаСоЦел: Убавината е постоење и чувство на безусловна среќа!

Росана Митевска, лице на #УбавинаСоЦел: Убавината е постоење и чувство на безусловна среќа!

Веќе 130 години, Avon претставува акцелератор на социјалниот напредок на жените.

34 години пред воопшто да имаат право на глас, Avon им обезбедил на жените можност за заработка, во време кога само 20% од жените работеле надвор од домот.

Во заложбата да се унапреди здравјето и благосостојбата на жената, Avon досега донирал скоро 1 милијарда долари за борба против ракот на дојката и семејното насилство и продолжува да работи на поддршката на жените и нивното влијание во општеството.

Токму затоа, Претставниците на Avon се главните херои на концептот Убавина со цел, кои ја раскажуваат својата приказна за убавината, можностите и финансиската независност.

Како дел од промоцијата на приказната на Avon, тимот на #УбавинаСоЦел на официјалната фан страна на Avon Македонија на социјалната мрежа Facebook, организираше предизвик каде што буквално сите имаа можност да учествуваат и да придонесат во креирањето на една прекрасна галерија од лични постери со порака што претставува убавината за нив. На овој предизвик, победи младата, ведра и позитивна студентка по Е-бизнис од Кочани – Росана Митевска, која воедно е и Претставник на Avon од 2015-та година, а од неодамна и Јуниор Менаџер со свој тим. Ова е нејзината приказна ...

Росана за Avon

Што те мотивираше да учествуваш во FB предизвикот Убавина со цел?

Росана: Да бидам искрена, најмногу ме привлече идејата најдобриот постер да биде претставен на билборд. Сакав да бидам добар пример за мојот тим и мојата генерација воопшто. Велат дека добар лидер е оној кој луѓето ќе го следат по сопствена волја, дури и ако не поседува некаква титула или позиција.

Дали потајно се надеваше на победа?

Росана: Не верував дека ќе победам, затоа што конкуренцијата беше навистина жестока. Во Македонија живеат многу убави, интелигентни и креативни жени и девојки. Галеријата со креираните постери го докажа тоа. Видов многу прекрасни лица со уште попрекрасни пораки за убавината кои навистина ме воодушевија! Токму затоа бев пресреќна кога ме известија дека токму јас сум избрана да бидам Лице на најубавата кампања - Убавина со цел!

Накратко, која е Росана Митевска?

Росана: Имам 19 години и студент сум во прва година на Економскиот факултет во Скопје, насока E-бизнис. Иако сум многу млада, сметам дека веќе постојат многу работи со кои можам да се пофалам. Една од нив - за мене многу важна, е мојата прва средба со АVON. Од таа прва средба помина неполна година, период во кој, благодарение на моето сесрдно залагање и активна работа, јас успеав да стигнам до титулата Јуниор менаџер и да оформам свој тим. Мислам дека мојот успех е добар стимул за сите останати кои се двоумат дали да се охрабрат и да ја искористат можноста која им ја нуди AVON за солидна заработка и учење на нови вештини поврзани со комуникацијата и продажбата.

Росана за Avon

Како реагираа твоите блиски кога дознаа дека си победник во натпреварот Убавина со цел?

Росана: Отпрвин, не им се веруваше дека мојот постер ќе се најде на билборд во Скопје. Но, откако се сталожија емоциите, радоста беше неизмерна. Имам огромна поддршка од моето семејство и пријателите, сите ми посакаа голем успех во понатамошната работа и залагање! Avon ми отвори многу нови хоризонти во поглед на начинот на размислување, во планирањето на времето и иднината воопшто.

Опиши се себеси со 3 зборови:

Росана: Организирана, дисциплинирана, амбициозна.

Од каде потекнува твојата љубов кон козметиката и модата?

Росана: Уште од мала секогаш ги забележував жените кои се негуваат и внимаваат на својот изглед. Идол ми беше и сè уште ми е мојата мајка. Можам да кажам дека од неа ми потекнува љубовта кон козметиката и модата.

Омилено парче козметика без кое не можеш ... ?

Росана: Дефинитивно ќе го издвојам тушот за очи од колекцијата Luxe, затоа што е траен и има идеална црна боја.

Росана за Avon

Што би им препорачала на твоите врснички?

Росана: Да ги следат своите соништа, да бидат упорни во тоа што го сакаат, бидејќи упорноста секогаш се исплатува. Јас тоа лично го почувствував и сметам дека само упорната работа може да резултира со успех. Еден мал, но сепак значаен успех за мене е што успевам сама да си ги подмирувам трошоците за студирање во Скопје. Финансиската независност дава голема слобода во носењето на многу одлуки во животот.

И за крај, што претставува убавината за тебе?

Росана: Во секој агол на земјата, економската и социјалната стабилност во општеството е директно поврзана со финансиската независност на жената. Тоа охрабрување се пренесува на нејзиното семејство и на околината. Како жени, сите сме различни во појавата, растот, бојата на кожата, потеклото. Ние сме ќерки, мајки и баби. Ние сме активистки, иноватори, борци и личности кои инспирираат. Ние сме животот и промените кои ги создаваме, постоењето и среќата која ја чувствуваме и споделуваме со останатите. Ете тоа е убавината за мене.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.