Почетна » Новости » Занимливости » Родовата (не)еднаквост низ победничките цртежи од натпреварот на ОН

Родовата (не)еднаквост низ победничките цртежи од натпреварот на ОН

Родовата нееднаквост е глобален проблем кој го засега речиси секој дел од општественото живеење. Победничките цртежи од натпреварот за родова еднаквост организиран од Обединетите нации на совршен начин ги доловуваат ситуациите од секојдневниот живот во кои жените и мажите не добиваат еднаков третман.

Од учесниците се барало да насликаат што значи за нив родовата еднаквост. Цртежите не требало да содржат зборови. Натпреварот бил организиран од Ентитетот за родова еднаквост и еманципација на жените при Обединетите нации (UN Women) во соработка со Европската Комисија, UNRIC и белгиската програма за развој.

Еве ги цртежите на победниците:

Прво место: Емилио Руиз од Шпанија

„Родовата нееднаквост е сè уште видлива и денес. Дури и најмалите дејствија се важни чекори за решавање на овој глобален проблем.“

Родова еднаквост

Второ место: Давид Бордаљо од Шпанија

„Престани да раскажуваш приказни, ти си супермоќна!“

Родова еднаквост Третото место беше поделено меѓу пет лица:

Самуел Онвуса од Шпанија

„Мојот стрип го рефлектира одбивањето и нетолерантноста кон жените на интервјуата за работа и игнорирањето на нивното образование и знаење.“

Родова еднаквост

Алекси Сиртола од Финска

„Мојата слика покажува како жените можат да се борат за еднаквост без да го загрозат сопственото јас. Стремежот кон еднаквост е универзален.“

Родова еднаквост

Агата Хоп од Полска

„Цртежот ја прикажува денешната тажна реалност на забавен начин. Додека мажот се вози на ескалатор кон успехот, жената мора да се искачува по скалило, носејќи огромен товар.“

Родова еднаквост

Аитор Гарсија од Шпанија

„Родовата нееднаквост ги опфаќа сите – како жените, така и мажите.“

Родова еднаквост

Јоана Грочулска од Полска

„Жените имаат огромна моќ. Тие можат да го поправат светот. И што е уште поважно – тие веќе го прават тоа.“

Родова еднаквост

Цртежите на полуфиналистите

Родова еднаквост Родова еднаквост Родова еднаквост Родова еднаквост Родова еднаквост

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.