Почетна » Новости » Занимливости » Радио водители изненадија мајка која неодамна го изгуби својот 19-годишен син

Радио водители изненадија мајка која неодамна го изгуби својот 19-годишен син

Водители во австралиската радиостаница „KIIS 1065“ ѝ приредија прекрасно изненадување на мајка која минува низ тежок период поради смртта на својот син.

19-годишниот Блејн починал во инцидент на неговото работно место во декември минатата година. По неговата смрт, Мишел, која е мајка на уште три деца, се соочила со многу финансиски проблеми, бидејќи поради ужаленост извесно време ја напуштила работата.

Кога сметките и ратите за хипотеката започнале да се трупаат, Кристал, ќерката на Мишел, ја споделила тажната приказна во радио шоуто „The Kyle and Jackie O“ кое им помага на лица на кои им е најпотребна помош.

Имено, во рамките на проектот „Giveback“ водителите избираат по една личност на која барем малку ќе ѝ го олеснат животот. Овој пат изборот се паднал на Мишел. Видеото од прекрасното изненадување беше објавено на YouTube и досега има над 3 милиони прегледувања.

Во него, Кристал ја вози мајка си со својот автомобил, велејќи ѝ дека одат во спа центар, додека водителите преку директен пренос одржуваат емотивен говор за неа и ѝ го соопштуваат изненадувањето. На задното седиште седат сестрата и братот на Кристал, Џесика и Том. Четворицата не можат да си ги сопрат солзите кога ќе дознаат дека ќе им бидат исплатени шест рати од нивниот хипотекарен кредит и ќе биде завршено реновирањето на домот кое Блејн го започнал пред смртта.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9522 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.