Почетна » Новости » Занимливости » Причини зошто треба почесто да консумираме `ржан леб

Причини зошто треба почесто да консумираме `ржан леб

Изреката „Појадувај како император, ручај како крал и вечерај како сиромав“ совршено се вклопува во денешниот современ и здрав стил на живеење. Во културата на нашата земја, лебот игра важна улога во сите три оброци. Токму затоа, поборниците за здрави навики во исхраната постојано трагаат по нови опции кои ќе овозможат непречено консумирање леб. Следејќи ги ваквите трендови, Жито Лукс создаде 100% `ржан леб кој е идеален за балансиран режим на исхрана.

Жито Лукс

Новиот 100% ‘ржан леб на Жито Лукс има висока нутритивна и хранлива вредност, затоа што ‘ржаното брашно е богато со повеќе витамини и минерали кои се значајни за здравјето на луѓето и нормално функционирање на метаболизмот. Овој леб е создаден од 100% интегрално брашно поради што изобилува со растителни влакна. На овој начин лебот влијае на поспора дигестија на храната, умерена апсорпција на глукоза и финално, на подолго чувство на ситост во текот на денот. Следствено, 100% ’ржаниот тост леб на Жито Лукс е соодветна поддршка на секој ваш оброк. Во однос на содржината на минерали, кај овој леб може да се издвојат: фосфор, цинк, бакар и манган. Овие микронутриенси се битни за нормална функција на енергетскиот метаболизам, како и за општото физиолошко функционирање на организмот.

Доколку сè уште не сте убедени дека 100% ‘ржаниот леб на Жито Лукс може да понуди широк спектар на придобивки, задолжително вклучете го во вашето секојдневно мени на исхрана и започнете да ги уживате сите бенифиции што ги овозможува.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26291 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.