Почетна » Новости » Занимливости » Пример за упорност: 48-годишна мајка на 4 деца ослабе 40 кг, откако ја нарекле нилски коњ

Пример за упорност: 48-годишна мајка на 4 деца ослабе 40 кг, откако ја нарекле нилски коњ

Мотивацијата и силната желба за драстично трансформирање на изгледот и телото можат да прават чуда.

Пеги Пулен е мајка на четири деца, која речиси ја преполови својата тежина откако добила навредлив коментар од мало дете додека уживала во базен со своето семејство.

Пеги Пулен

48-годишната Американка во две и пол години успеа да ослаби 40 килограми со напорно вежбање и правилна исхрана. Сето тоа „благодарение“ на коментарот од непознато дете дека изгледа како нилски коњ.

„Ме нарекоа нилски коњ. Пред сите, пред моите деца. Најтешкиот дел беше изразот на лицата на моите деца. Не бев само јас понижена, и тие беа, исто така“ – изјавила Пеги за Today.

Пеги Пулен

Засрамена, Пулен се затворила во својата соба. „Не сакав да јадам. Не сакав да излезам од собата. Бев на многу лошо место, но морав да направам нешто. Знаев дека треба да направам избор кој ќе им биде пример и од кој ќе учат моите деца“ – вака Пеги го раскажа клучниот момент кога решила да се стреми кон драстична промена во својот живот.

Пеги Пулен Пеги Пулен Пеги Пулен

„Кога си дебел, многу дебел, и сакаш да креваш тегови со кул момците во фитнес салата, тие ги поседуваат справите. Ти не си добредојден. Ти се смеат и не сакаат стара дебела жена во нивниот простор, па те исмејуваат“ – рекла Пеги.

Тогаш, таа тежела 90 килограми, а денес бројката на нејзината вага покажува 50.

Пеги Пулен Пеги Пулен

„Пред да станам фит секогаш бев уморна. Брзата храна те прави уморен. Денес јадам лесна храна и кога и да сум гладна, прво консумирам протеини“ – додала упорната мајка.

Пеги Пулен Пеги Пулен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11868 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.