Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Мајка на три деца ослабе 64 килограми откако се засрамила во Дизниленд заради тежината

ФОТО: Мајка на три деца ослабе 64 килограми откако се засрамила во Дизниленд заради тежината

Кој би помислил дека посета на Дизниленд може некому комплетно да му го промени животот?

Мајка на три деца ја преполови својата тежина откако не ѝ дозволиле да се вози во забавниот парк затоа што не можеле да ја врзат со сигурносниот појас.

Кристина Џордан

Кристина Џордан пред девет години тежела 123 килограми, а сега води здрав живот и се грижи за своето тело, со што нејзината телесна тежина достигнала до 59 килограми.

Кристина Џордан

Јас и моето семејство чекавме во редицата два часа за да се качиме на една од лудите железници и ни беше жешко и бевме нетрпеливи. Кога конечно дојдовме на ред да седнеме, сигурносниот појас на седиштето не ме закопчуваше“ – изјавила Џордан за People.

„Се извинувам госпоѓо, не ве собира, вие сте преголема за ова“ – со овие зборови ѝ се обратила вработената во забавниот парк.

Засрамена, Кристина станала и се упатила кон излезот, но тогаш следувал клучниот момент кој ја мотивирал да го промени својот изглед.

„Станав набрзина и кога си заминував не ме собираше преку шалтерот за излегување. Колковите ми беа прешироки, па тие мораа да ја отворат портата. Се почувствував како добиток кој го носат на колење. Тоа беше најсрамниот момент во мојот живот. Но исто така, ми ги отвори очите кон фактот дека морам да се променам“ – додала Кристина.

Кристина Џордан Кристина Џордан Кристина Џордан Кристина Џордан

По бројни диети, 34-годишната мајка решила дела не сака да биде само слаба, туку дека најважно ѝ е да биде здрава.

„Започнав да читам сè што можев да најдам за исхраната. Одлучив да престанам да си создавам стрес целејќи да бидам слаба и да се фокусирам на тоа да бидам здрава. Сега јадам пет пати повеќе одошто кога бев дебела“ – вели таа.

Кристина Џордан

„Сфатив дека ќе бидам најдобрата мајка и најдобрата сопруга ако бидам јас во најдобро светло“ – истакнува Џордан и тврди дека здравиот начин на живот ѝ помогнал да го победи дијабетесот.

Кристина Џордан

A photo posted by Fit Body (@fitbodyweightloss) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.