Почетна » Новости » Занимливости » „Престани да се грижиш што мислат другите“: Мајка со моќна порака за жените кои се грижат за туѓото мислење

„Престани да се грижиш што мислат другите“: Мајка со моќна порака за жените кои се грижат за туѓото мислење

Блогерка им се обрати на мајките кои премногу се грижат за мислењето на другите за да им порача дека не треба да ги земаат здраво за готово туѓите коментари.

Џенифер е креаторка на блогот „They Whine, So I Wine“ која се обидува да ги поврзе мајките и да ги охрабри, пренесувајќи им порака дека сите тие се заедно во мајчинството. Со својот нов текст, Џенифер порачува дека секогаш ќе има луѓе кои нè сакаат и луѓе кои не нè сакаат и дека не можеме да му се допаднеме на секого.

Мајка

Јас не му се допаѓам на секого.

За некои луѓе сум премногу. Премногу гласна, премногу искрена. Премногу зборувам. Премногу често го кажувам гласно моето мислење и заборавам да си ставам филтер.

За други, сум премногу тивка. Срамежлива. Одбивна. Можеби дури и арогантна.

За некои, јас сум само мајка. Мајка која може да ослаби неколку килограми. Некој кој треба да се контролира. Јас сум растргната – жив хаос. Правам списоци само за да ги заборавам во кујната.

За други, сум премногу фокусирана на кариерата, премногу организирана – како по книга. Сакам да држам сè под контрола, премногу сум структурирана. Организатор.

Ја гледате ли тенденцијата тука? Секогаш ќе бидам премногу за едни, а недоволна за други, кога во реалноста сум и двете. Јас сум подеднакво гласна и тивка. Јас сум фокусирана на кариерата и хаотична мајка.

Како жени, премногу се грижиме што мислат другите или што си мислиме дека другите си мислат. Создаваме предрасуди во сопствените глави. Слушаме гласови онаму каде што дури и не постојат. Премногу ги анализираме пораките. Се грижиме зошто не сме добиле покана. Гледаме погледи и слушаме шепоти и претпоставуваме дека мора да се насочени кон нас.

Трошиме голем дел од нашето време грижејќи се какво е мислењето на другите луѓе за нас. Се обидуваме премногу напорно да се собереме на педесет различни начини во калап од надежи дека некако ќе ги задоволиме сите останати, само за на крајот да се почувствуваме празно.

Но, зошто? За што?

За одобрување?

Сестро, ние одамна ги надминавме годините кога ни требаше нечие одобрување.

Ова е ТВОЕ мајчинство. Ова е твое патување.

Ако сакаш да работиш, работи.
Ако сакаш да седиш дома и да се грижиш за децата, направи го тоа.
Ако се смееш премногу гласно или луѓето не ја разбираат твојата смисла за хумор, кому му е гајле.
Ако сликањето или пишувањето, или нешто друго, ти носи радост, следи го.
Ако сакаш да го доиш твоето бебе на постојка, гордеј се со тоа.
Ако си премногу тивка и луѓето сметаат дека си арогантна, тоа е нивна загуба сестро.
Ако не си успеала да зготвиш ништо за школската продавница, но си успеала да тркнеш до продавница и да купиш колачиња, изложи ги на масата самоуверено.

Престани да се извинуваш. Престани да се грижиш што мислат другите луѓе. Знам, знам, скраја да е да навредиш некого.

Но, ако направиш нешто со што навистина ќе повредиш некого, преземи одговорност. Извини се. Направи го правилното нешто, но престани да се извинуваш за сопствените избори.

Престани да се сомневаш во сопствените одлуки. Престани да се грижиш за другите. Престани да се обидуваш да задоволиш секого.

Бидејќи луѓето... Луѓето секогаш ќе си имаат свое мислење. Јас сум во онаа точка од животот каде можам конечно да речам – ОСТАВИ ГИ, а мислам дека и ти си таму.

Луѓето нема секогаш да се согласуваат со тебе. Всушност, некои луѓе нема да те сакаат само поради простата причина што можат. Дали тоа е фер? Не. Но, е ОК. не се плаши да пливаш спротивно од брановите, да го правиш она што го сакаш без колебање и прашување. Прави го она што ти разгорува оган во душата без разлика што мислат другите.

Биди онаква каква што си создадена, не онаква каква што другите сакаат да бидеш.

Бидејќи никогаш нема му се допаѓаш на секого, исто како мене. Но, тие луѓе... Тие не се твои луѓе.

Џенифер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.