Почетна » Новости » Занимливости » Прекрасно хоби: 89-годишна бабичка има сплетено повеќе од 450 ќебенца и џемпери за кучиња во стационари

Прекрасно хоби: 89-годишна бабичка има сплетено повеќе од 450 ќебенца и џемпери за кучиња во стационари

Прекрасно е кога можеш да помогнеш некому, правејќи го она што најмногу го сакаш.

Мејзи Грин е хумана старица која обожава да плете и го користи ова свое хоби за да им помогне на кучиња кои чекаат да бидат вдомени. 89-годишната госпоѓа досега има сплетено и донирано повеќе од 450 ќебенца и џемпери за крзнените животни во стационарите во Центарот „Dog Trust“ во Базилдон, Есекс.

Трипати годишно, таа ги носи своите креации во центарот за да им помогне на кучињата во центарот да се стоплат кога температурите се ниски.

Мејзи Грин Мејзи Грин Мејзи Грин Мејзи Грин Мејзи Грин

„Обожавам плетење и обожавам кучиња, па ова на прекрасен начин ги комбинира двете. Ми требаат три дена за да сплетам ќебенце и еден ден за да сплетам палто за кучиња. Ова ме одржува активна и понекогаш сакам да плетам додека гледам телевизија. Почестена сум што на некаков начин можам да им помогнам на четвороножните жители во центарот“ – вели таа.

Грин е меѓу многуте волонтери кои помагаат во центарот за кучиња и веќе трета година донира во него.

„Мејзи редовно ги носи своите плетени донации и многу сме благодарни за нејзината поддршка. Во ладните месеци, знам дека нашите кучиња се задоволни што ги користат – и сакаат да се чувствуваат екстра удобно“ – вели еден од менаџерите во центарот. Мејзи Грин Мејзи Грин Мејзи Грин Мејзи Грин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11080 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.