Почетна » Новости » Занимливости » Првиот паметен чадор кој никогаш нема да го заборавите зад себе

Првиот паметен чадор кој никогаш нема да го заборавите зад себе

Ви се случило ли да излезете од дома без чадор и одеднаш да ве изненади пороен дожд? Колку чадори имате загубено досега?

Креаторите на апликацијата за споделување на временските услови во реално време „Wezzoo“ го создадоа првиот паметен чадор, кој ќе се погрижи никогаш повеќе да не ви се случат овие незгоди. Чадорот наречен „Oombrella“ на мобилен телефон ги известува сопствениците непосредно пред да заврне и доколку го заборават зад себе кога се излезени од дома.

Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор

Првиот паметен чадор во рачката за држење има сензори кои собираат податоци за светлината, температурата, влажноста на воздухот и притисокот, а потоа ги претвора податоците во соопштенија како: „Земи ме со себе! Ќе врне за 15 минути.“

„Oombrella“ исто така му испраќа соопштение со текст „Не ме напуштај сега“ на сопственикот доколку тој го заборави во ресторан, кафуле, на работа итн.

Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор Првиот паметен чадор

Чадорот ќе биде достапен за продажба во октомври оваа година за 79 евра.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28626 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.